
Македонскиот првак Струга Трим Лум утре на „Билјанини извори“ го пречекува исландскиот претставник Брејдаблик во првиот меч од плејоф – колото во Конференциската лига. Тимот е мотивиран за успех, но ќе биде ослабен, без Марјан Радески, кој доби црвен картон, како и без тренерот Шпетим Дуро на клупата.
„Секако, сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа мора да се прифати, тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов контрола, тоа не е во мојата природа, но големиот товар и провокациите на клупата во Луксембург, ме натераа да реагирам несоодветно. Казната е целосно заслужена, дефинитивно ми е жал што нема од долу да ја водам екипата, но со помош на мојот стручен штаб, со кој веќе извесно време работиме заедно, мислам дека сѐ ќе биде во најдобар ред“, изјави Шпетим Дуро.
Тој вели дека Брејдаблик е одличен тим, но не и непобедлив.
„Тие се квалитетни, играат физички фудбал, со многу трчање, а имаат и тројца репрезентативци на Исланд. Секако заслужуваат респект, но ги анализиравме добро и мислам дека можеме да се спротивставиме“, изјави тренерот на Струга ТЛ.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Брејдаблик е закажан утре, со почеток во 17 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
