Лидерот Струга Трим Лум врза два порази во серија, па Срѓан Захариевски и неговите момци се надеваат дека денеска (13 часот) на домашен терен ќе им се вратат на победите. Сепак, нема да имаат лесна задача затоа што во Струга гостува квалитетниот тим на Брегалница.
„Не очекува тежок натпревар. Сепак, можам да им ветам на навивачите дека денеска ќе одиграме многу подобро отколку на минатиот натпревар. Сакаме да победиме и да останеме на врвот на табелата“, вели играчот за врска на Струга ТЛ, Хоган Укпа.
Шкендија оди на гости во Кратово. Силекс е најпријатното изненадување во досегашниот тек од шампионатот, а тетовци по враќањето на Ќатип Османи на клупата земаат залет да ја достигнат Струга ТЛ на врвот.
Интересен дуел ќе има и во Ѓорче Петров. Муарем Бајрами со Македонија ЃП ќе го пречека актуелниот шампион Шкупи.
Во Струмица, Академија Пандев и Работнички бараат бодови за „отрезнување“, со оглед дека многу лошо го одиграа првиот дел од шампионатот.
Во Кавадарци, Тиквеш ќе ја пречека Победа, која доаѓа залетана по триумфот над лидерот Струга ТЛ во минатото коло.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО (13 часот)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – ПОБЕДА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski