Најмалку 45 патници и возачот загинa во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје. Несреќата ја преживеале седум луѓе.
Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца од кои двајца близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.
Од бугарското Министерство за внатрешни работи, велат дека ова е една од причините зошто луѓето не можеле да се спасат.
Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.
„Автобусот во Бугарија влегол од Турција. Жртвите се државјани на Северна Македонија. Меѓу нив има и 12 деца“, изјави за БТВ директорот на Генералниот директорат на Националната полиција Станимир Станев. Едната верзија е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Не може со сигурност да се каже дали автобусот прво излетал, а потоа се запалил или најпрво се запалил па излетал, пренесува БТА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski