Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, лично се зафатил со трансферот на Дарвин Нуњез, откриваат италијанските медиуми. Како што е познато, „партенопеите“ веќе извесно време водат разговори за уругвајскиот напаѓач, но не можат да се договорат со Ливерпул околу цената.
Клубот од Мерсисајд бара најмалку 60 милиони евра, но италијанскиот шампион не е подготвен да ја плати таа сума.
Според „Кориере дело Спорт“, Де Лаурентис веќе остварил средба со агентот Фали Рамадани, кој добил задача да посредува меѓу двата клуба за Нуњез, иако тој лично не соработува со Уругваецот.
Рамадани е агент и на друг фудбалер на Ливерпул, Федерико Киеза, кој исто така се поврзува со Наполи. Последниве денови се појавија гласини дека Ливерпул покажал интерес и за Виктор Осимен. Се претпоставува дека клубот од Англија размислува за размена на играчи со Наполи, но за тоа сè уште нема никакви потврдени информации од посигурни извори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













