Атлетико Мадрид одигра само 1-1 на гости против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, а Луис Суарез ја продолжи мизеријата кога игра на гости во елитното европско натпреварување. Стрелец на голот за шпанскиот тим беше Хозе Хименез, а верувале или не, Суарез иако важи за еден од најдобрите светски голгетери има неверојатен пост на гостински терен во ЛШ.
Уругваецот речиси пет години нема постигнато гол во гости во Лигата на шампионите. Последниот погодок го бележи на 16 септември 2015 година на ремито меѓу Рома и Барселона (1-1).
Суарез погоди на крајот на минатата сезона во Лисабон во историскиот пораз на Барселона од Баерн Минхен, но тоа сепак се смета како неутрален терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal