Connect with us

Стотина фанови на Лозана доаѓаат во Скопје, мечот на Вардар ќе биде од висок ризик

Најтрофејниот македонски клуб Вардар во четврток, со почеток од 20:30 часот, ќе се соочи со швајцарската екипа Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига, а се најавува и присуство на гостински навивачи.

Околу стотина фанови на Лозана, претежно припадници на нивната ултрас група, се очекува да допатуваат во Скопје за да го бодрат својот клуб.

Од друга страна, навивачката група Комити најавува масовна поддршка, бидејќи на западната трибина ќе го одбележат 78. роденден на Вардар, што најавува навистина посебна и огнена атмосфера.

Надлежните служби го класифицираа овој натпревар како дуел со висок безбедносен ризик, а на трибините се очекува силна тензија и енергична поддршка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови