Столе Димитриевски официјално објави заминува од Рајо Валјекано каде што бранеше во последните шест сезони. Негов нов клуб треба да биде Валенсија.
„Донесов одлука да не потпишам нов договор со Рајо Валјекано. Сите оние убави моменти секогаш ќе ги носам со мене, исто така и оние кои не беа толку убави, јас засекогаш ќе останам благодарен на луѓето во Рајо, на претседателот, тренерите, соиграчите, кои беа секогаш тука за мене. Имав понуда да останам, но таков е фудбалот, се затвора една епоха за да почне друга. Ова не е збогум, ова е само довидување. Дојдов овде како млад човек, си заминувам како изградена личност, од овој клуб научив токму многу работи, вредности во животот кој ќе ги ценам додека сум жив. Засекогаш ќе го носам Рајо во срцето“, порача Столе Димитриевски.
Македонскиот репрезентативен голман одигра 191 натпревар во дресот на Рајо Валјекано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













