Connect with us

Столе Димитриевски потпишал четиригодишен договор со Валенсија

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го напушта Рајо Валјекано и веќе потпишал четиригодишен договор со шпанскиот прволигаш Валенсија. Се очекува тој да го замени Ѓорѓи Мамардашвили на голот на Валенсија. Грузиецот заминува од „Месталја“ и има понуди од Њукасл и од Атлетико Мадрид.

Столе Димитриевски подолг период преговараше со Валенсија, имаше и неколку други понуди, пред сѐ од Саудиска Арабија, но на крајот одлучи да го прифати предизвикот за преселба на „Месталја“.

Македонскиот интернационалец во последните шест години го носеше дресот на Рајо Валјекано, дојде во 2018 година на едногодишна позајмица, а потоа и пет сезони како играч на клубот. Одигра вкупно 181 натпревар во дресот на „пчелите“ од предградитето на Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови