
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ова лето дојде, а до крајот на преодниот рок можеби и ќе си замине од Валенсија. Ова го тврди Фабрицио Романо, еден од најупатените спортски новинари за фудбалските трансфери ширум Европа.
Столе Димитриевски дојде во Валенсија за да биде прв голман и да го наследи Ѓорги Мамардашвили, грузискиот репрезентативец кој блескаше и на Европското првенство.
Тој имаше неколку понуди од големи европски клубови и се претпоставуваше дека сигурно ќе замине од Валенсија. Меѓутоа, засега неговиот трансфер не е реализиран.
Доколку се случи Мамардашвили да остане во Валенсија, тогаш Столе Димитриевски би можел да си замине, претпоставува Фабрицио Романо. Во договорот на македонскиот репрезентативец има отштетна клаузула од 3 милиони евра, која може да се активира до последниот момент на овој летен преоден рок, во случај Мамардашвили да остане член на Валенсија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
