Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе го напушти Рајо Валјекано на крајот од сезоната и од следната ќе биде на голот на Валенсија. Како што открива „Футбол Еспања“, Столе Димитриевски веќе има потпишано и преддоговор со новиот клуб.
Валенсија ова лето ќе го продаде Ѓорги Мамардашвили, грузискиот интернационалец кој има понуди од голем број европски клубови, а Столе Димитриевски треба да биде новиот стартер на голот од следната сезона.
Димитриевски веќе една деценија настапува во Шпанија. Тој беше дел од Гранада, потоа бранеше и во Гимнастик, а шеста сезона е на голот на Рајо Валјекано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













