
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ова лето направи трансфер од Рајо Валјекано во Валенсија, но би можел експресно да се врати назад. Тој би останал член на клубот од „Месталја“, но би заминал назад во Рајо како позајмен играч.
Ова е иницијатива на неговиот поранешен клуб, кој сака да го врати во тимот, но опцијата постои само доколку Ѓорѓи Мамардашвили остане во Валенсија и во новата сезона.
Грузиецот имаше фантастични настапи на Европското првенство и сѐ одеше во насока тој да направи трансфер во некој голем европски клуб, но очигледно дека работите сѐ уште стојат во место, а новиот шампионат на Ла Лига е на прагот.
Рајо го посакува Столе Димитриевски назад, а конците ги има раководството на Валенсија, и се разбира, македонскиот репрезентативен голман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
