
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно е меѓу имињата кои се поврзуваат со голманската позиција во Барселона. Откако пред две години пропадна неговиот трансфер на „Камп Ноу“, сега повторно се споменува како можна замена за повредениот Марк-Андре Тер Штеген.
Димитриевски би дошол на позајмица од Валенсија во Барселона во вториот дел од сезоната, со оглед дека Ѓорги Мамардашвили остана во клубот и ќе направи трансфер во Ливерпул дури следното лето. Инаку, Столе Димитриевски беше подготвуван за прв голман на Валенсија.
Спортскиот директор Деко и тренерот Ханс Флик допрва ќе треба да решат што ќе прават со голманската позиција, а Димитриевски е една од сериозните опции. Постои можност Барселона и веднаш да ангажира слободен агент кој би ја пополнил голманската позиција, во моментот такви опции се Кејлор Навас, Лорис Кариус и Војчех Шчесни, кој прогласи крај на кариерата пред два месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
