
Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски имаше блескаво издание на Европското првенство. И покрај трите порази на Македонија на ЕВРО, тој имаше одлични одбрани кои го вброија меѓу десетте фудбалери кои оставија најголем впечаток од селекциите кои доживеаја елиминација по првата фаза од шампионатот.
Столе Димитриевски се наоѓа во друштво на Роберт Левандовски, Лукаш Градецки, Били Гилмур, Матвеј Сафонов, Милан Шкриниар, Стефен О’Донел, Даниел О’Шонеси, Мерт Мулдур…
„Македонија имаше повеќе квалитет од средина кон нападот, а најистанати беа имиња како Горан Пандев или Енис Барди. Одбранбената линија беше далеку од најсигурен сектор во тимот и токму од таа причина, Столе Димитриевски ќе заврши како еден од најбараните голмани по групната фаза од ЕВРО.
Тој не избегна елиминација со својата репрезентација, но ја заврши работата што е можно повеќе, и во одбранети удари и во контролирање на воздушниот простор околу голот. Димитриевски успеа да одбрани и дури пенал против Украина што го изведе Руслан Малиновски.
На 27 години, тој има тенденција да се појави во шпанското првенство следната сезона, бидејќи беше дел од стартниот состав на Рајо Валјекано во најголем дел од минатата сезона“, се вели во објаснувањето за Столе Димитриевски.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
