Столе Димитриевски се најде пред неочекувани предизвици во момент кога се очекуваше да влезе во следната фаза од својата кариера и да ја напушти Валенсија. Македонскиот репрезентативен голман заработи повреда на левото рамо за време на тренинг.
Од клубот кратко соопштија дека Столе ќе биде подложен на медицински третмани, физиотерапија и рехабилитација додека не биде подготвен за настап. Засега нема прецизни информации за времетраењето на неговото отсуство.
Оваа повреда доаѓа во незгоден момент и за македонската репрезентација, која на почетокот на септември продолжува со квалификациите за Светското првенство 2026. Неизвесноста околу неговото здравје сигурно предизвикува загриженост кај селекторот Благоја Милевски и фановите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













