
Германците доживеа огромен шок откако по цели 20 години се најде репрезентација која ги победи на нивен терен. Македонија успеа да оствари голем триумф (1-2) во Дуисбург, а голманот Столе Димитриевски открива дека противниците и воопшто не им ја честитале победата.
„Германците лошо го прифатија поразот. Не ни честитаа, а тоа мене не ми делуваше во ред. Беа шокирани од вториот гол што го постигна Елиф Елмас. Не го сменив дресот. Немаше ни со кого, Германците бегаа на два метри од нас“, открива Столе Димитриевски за „Марка“.
Тој смета дека ова е најголемата победа на фудбалска Македонија во историјата.
„Тоа е дефинитивно најголемата победа на нашата репрезентација. Не може да се опише тоа чувство. Лудило. После пласманот на Европското првенство сега сме во сериозна игра и за пласман на СП. Групата е интересна, ние имаме шест бода заедно со Германија, а Ерменците се напред, но ќе ни гостуваат во Скопје“, објасни голманот на македонскиот национален тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
