Connect with us

Стојкоски: Штип тешко се освојува, но Работнички максимално ќе се потруди

Работнички гостува на Брегалница во Штип во 17.коло од Првата фудбалска лига. По ремито без голови против Ренова, „романтичарите“ посакуваат позитивен резултат од денешното гостување. Капитенот Кристијан Стојкоски вели дека воопшто не е лесно да се освои Штип, но тој и соиграчите ќе го дадат максимумот да успеат во таа намера.


„Брегалница е квалитетен тим, а посебно добро игра пред своите гледачи. Штип тешко се освојува, но ние максимално ќе се потрудиме да ја реализираме нашата цел. Одигравме добар меч против Ренова, недостигаа единствено голови и се надеваме дека на овој дуел ќе проработиме и во најважниот сегмент од фудбалската игра. Преостануваат уште два првенствени натпревари оваа есен и фокусирани сме да освоиме што е можно повеќе бодови“, вели Стојкоски за официјалниот сајт на клубот.

Дербито на колото се игра на Чаир каде Шкупи ќе ја пречека Шкендија, а Струга Трим Лум ќе гостува на Автокоманда против Скопје.

Ренова во Тетово е домаќин на Тиквеш, додека Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека составот на Академија Пандев. Пелистер се уште е во потрага по првата победа, а денеска ќе го нагости Борец.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (13 часот)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

РЕНОВА – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови