Тиквеш е победник на 31. издание на националниот Куп на Македонија. За првпат во клупската историја кавадарчани го кренаа пехарот откако во финалето ја совладаа Воска Спорт со 2-1.
Се чини дека направија вистински потег со ангажманот на „куп-мајсторот“ Кристијан Стојкоски. Тој постигна фантастичен гол од слободен удар во 41.минута и го доведе Тиквеш во водство.
„Ова ми е четврто финале и за среќа, четврти пат го освојувам пехарот. Многу сакав да постигнам гол во ова финале и драго ми е што успеав во тоа. Уште посреќен сум што Тиквеш за првпат во клупската историја го носи овој пехар во своите витрини. Вечерва ќе „гори“ цело Кавадарци“, изјави Кристијан Стојкоски по триумфот во финалето на Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













