
Беласица оствари минимална победа (1-0) над Слога Виница со која се најде на чекор до обезбедување бараж за пласман во елитата, преку втората позиција во Втората лига Исток.
Тренерот Александар Стојанов истакнува дека триумфот е од големо значење за струмичани, со оглед дека имаа и играч помалку во второто полувреме.
„Од огромно значење беше саботниот натпревар каде што само победа не оставаше во игра за местото кое води во баражот за пласман во елитата. Во првото полувреме бевме доминантни и како резултат на доминацијата дојде и водството, но во вторите 45 минути се почувствува тој притисок кај нашите млади момци пред се од важноста на натпреварот како и дека не смее да се прими гол затоа што после се би било потешко. Црвениот картон кој го добивме некаде во 65. минута не доведе да го браниме резултатот се до крајот. Сепак, момците издржаа ‘машки’ и на крајот заслужено се радувавме“, вели тренерот на Беласица.
Струмичкиот тим во последното коло има императив да слави и против Кожуф во Гевгелија, ако сака да го задржи второто место.
„Сега в сабота ни претстои уште еден тежок натпревар со Кожуф, противник кој многу го цениме, но секако дека нам ни е повеќе од потребна таа победа за да го завериме второто место кое води во баражот. Како и на секој меч досега така и во баражот, доколку стигнеме до него, Беласица ќе оди да се надигрува, без никакви калкулации, растоварени и крајно мотивирани да стигнеме до толку посакуваниот влез во Првата лига. Беласица со игрите оваа сезона во Втората лига Исток покажа дека може да стигне ранг погоре“, потенцира Александар Стојанов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
