
ПСЖ и Баерн вчера одиграа одличен натпревар во четвртфиналето на Светското клупско првенство, а на крајот пласман во полуфиналето обезбедија парижаните со победа од 2-0.
Сепак, моментот кој ја одбележа средбата се случи во судиското продолжение на првото полувреме, кога Џамал Мусијала ја скрши ногата.
Мусијала беше во дуел со Донарума, кој незгодно падна врз неговата нога, а за жал, поради тоа младиот играч за врска на Баерн доживеа сериозна повреда – скршеница на ногата.
Тој веднаш остана да лежи на тревникот и повика медицинска помош, додека Донарума и останатите фудбалери на теренот во шок гледаа што се случува.
Мусијала во солзи беше изнесен од теренот и веднаш беше пренесен во блиската болница на детални прегледи, по што беа потврдени црните прогнози.
Според германските медиуми, Мусијала ќе паузира подолго време бидејќи доживеал комплетна скршеница на фибулата на левата нога, а притоа има и сериозни оштетувања на неколку лигаменти.
Како што пренесува „Билд“, пред младиот германски репрезентативец е долга пауза, и на терен ќе се врати дури на почетокот од следната година.
Нема сомнеж дека ова е огромен удар за Баерн, бидејќи Мусијала е еден од клучните играчи во тимот на Винсан Компани.
Германските медиуми веќе шпекулираат дека Баерн ќе мора итно да реагира на трансфер пазарот и да пронајде соодветна замена додека Мусијала не се опорави целосно од тешката повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
