Рахим Стерлинг го замени Челси со Арсенал. Договорот беше финализиран доцна синоќа во последните часови од летниот трансферен прозорец.
Стерлинг ќе игра за „топчиите“ како позајмен играч, но во договорот не е вклучена опција за откуп.
„Чувството да се приклучам кон Арсенал е неверојатно. Ова е идеалното место за мене. Тимот е млад и многу талентиран. Се надевам дека ќе бидеме сплотени, тоа е нешто кон што се стремам“, изјави Стерлинг.
Поранешниот англиски репрезентативец одигра 43 натпревари минатата сезона и постигна 10 голови, но беше непотребен во Челси по доаѓањето на новиот менаџер Енцо Мареска.
Напаѓачот имал разговор со Микел Артета, кој го убедил да се приклучи на Арсенал и да помогне во борбата за титулата во Премиер – лигата.
Стерлинг е поранешен фудбалер на Ливерпул и на Манчестер Сити.
Raheem Sterling 🤝 The Arsenal
— Arsenal (@Arsenal) August 31, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













