
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот пријателски натпревар пред ЕВРО. Словенците ќе ја тестираат формата на избраниците на Игор Ангеловски.
Стефан Ристовски добро го познава Матјаж Кек кој му беше тренер во Ријека, а вели дека Македонија е репрезентација која на секој натпревар игра на победа. Тој се радува на фактот што конечно националниот тим ќе може да игра со присуство на публика на нашиот најголем стадион.
„Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, ама потоа успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. Искрено, сите се радуваме што конечно ќе можеме да играме со публика на трибините, време е да се израдуваме заедно за пласманот на ЕВРО и да се подготвиме добро за искушенијата што не очекуваат. Верувам дека денеска кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес”, вели Стефан Ристовски.
Во националниот тим сега недостига единствено Енис Барди кој е во изолација во хотелот „Хилтон“ откако имаше позитивен тест на коронавирус по доаѓањето од Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal