Фудбалската репрезентација на Македонија е пред најголемиот предизвик во квалификациите за СП, го пречекува Исланд на арената „Тодор Проески“ и со победа ќе се пласира во толку посакуваниот бараж. По суспензијата, во тимот се враќа капитенот Стефан Ристовски кој најавува жестока борба и победа.
„Секој натпревар е посебна приказна. Се подготвуваме нормално, ги знаеме добро квалитетите и на Исланд и се надеваме дека ќе напишеме убава приказна. Целта е јасна, нема што да говориме многу – победа и пласман во баражот за СП. Не чувствуваме некој притисок како товар, напротив, имаме огромни мотиви да ја оствариме целта. Верувам дека ќе успееме уште еднаш да ја израдуваме македонската нација“, изјави капитенот Стефан Ристовски на денешната прес – конференција.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд е закажан за утре, со почеток во 18 часот. Се очекува огромна поддршка за нашиот национален тим од трибините, со оглед дека арената „Тодор Проески“ е речиси распродадена.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski