
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби црвен картон на дебито за Динамо Загреб, но, сепак одигра квалитетно додека беше на теренот, а „модрите“ го добија дербито против Осијек на „Максимир“ со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Динамо Загреб беше Мислав Оршиќ во 15.минута од мечот.
Стефан Ристовски во вториот дел доби два жолти картони во период од пет минути. Во 72.минута пожолте, а пет минути подоцна заработи уште еден жолт картон и беше исклучен. Аријан Адеми беше еден од најдобрите во составот на Динамо Загреб на дербито против Осијек.
Динамо Загреб со овој триумф се одлепи со три бода позитива во однос на Осијек на врвот на табелата во хрватското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
