Connect with us

Стефан Ристовски останува во Динамо Загреб до 2025 година

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, ќе остане во Динамо Загреб најмалку до 2025 година. Тој се согласил на нов договор со хрватскиот првак, со опција соработката да биде продолжена и за уште една дополнителна сезона доколку двете страни се задоволни од претходните две години.

Стефан Ристовски треба да биде нов лидер на тимот по заминувањето на Аријан Адеми, но и откако на лето ќе се реализира најавеното заминување на голманот Доминик Ливаковиќ.

Стефан Ристовски дојде во Динамо Загреб од Спортинг Лисабон во 2021 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови