Македонија ремизираше 1-1 против Финска. Не беше тоа најдобра игра на македонскиот национален тим, но и ова не е период кога од нашиот национален тим се бара да биде во врвна форма. Јасно е дека е ова некој транзициски период, но никако да се подобри теренот на арената „Тодор Проески“.
Ова го потенцира и капитенот Стефан Ристовски.
„Икрено, мора да признаеме дека се појавуваат одредени слабости и замор во играта, тоа е затоа што некои од играчите немаат стандардна минутажа во клубовите. Не сакам да барам алиби, но мора да се каже дека овој терен е навистина тежок за игра. За жал, кај нас по некои нешта ние место напред одиме назад, овде имаме очајни услови за игра. Тешко е тука да се бара игра и креација на ваков терен. Добро е што никој од нас не е повреден. Во однос на тимот, секако дека има недостатоци кои мора да ги корегираме“, изјави Стефан Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski