
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се врати во Хрватска и го облече дресот на Динамо Загреб, но тоа „повреди“ дел од навивачите на Ријека. Тој пред да замине во Спортинг Лисабон, со успех го носеше дресот на лутиот ривал на Динамо Загреб. Сега, за дел од фановите на Ријека е и „предавник“.
„Јас го бранам клубот и живеам за клубот додека го носам дресот. Во Ријека имав убави моменти, ги почитувам и ги сакам тие луѓе, а тие можат ова сега да го толкуваат како што сакаат. Тој период можеби ми беше и најдраг во кариерата и се надевам дека и со Динамо Загреб ќе имам такви моменти. Во големата страст и еуфорија и јас имав непримерни зборови. Но, јас сум професионалец и каде и да играм, така се однесувам. Живеам за клубот, а така ќе биде и овде во Загреб. Кој ме навредува и н кого тоа му смета, мене едноставно не ме интересира. Јас нема никогаш да кажам лош збор за Ријека“, изјави Стефан Ристовски за хрватските медиуми.
Македонскиот репрезентативец дебитираше за Динамо Загреб на дербито од хрватското првенство против Осијек, а настапи и во Лигата на Европа во големиот триумф против Краснодар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
