Победата е единствената цел што ќе значи успешно завршена работа на денешниот натпревар на Македонија против аутсајдерот Лихтенштајн. Селекторот Благоја Милевски го одреди стартниот состав и нареди офанзива.

На голот е незаменливиот Столе Димитриевски, а во одбраната ќе играат Илиевски, Стојчевски, Зајков и Алиоски.
Средниот ред ќе го предводат Чурлинов, Алими, Барди и Елмас, поголем дел од нив се играчи со офанзивни карактеристики кои треба да донесат креативност во играта, а во нападот се Бојан Миовски и Александар Трајковски.
Лихтенштајн ќе настапи во формација 5-3-2, што јасно покажува дека ќе играат дефанзивно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













