Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, би можел да го напушти српскиот првак на крајот од сезоната. Италијанските медиуми откриваат дека Станковиќ бил во Милано каде што водел финални преговори со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро.
Клаудио Раниери на крајот од сезоната ќе ја напушти Сампдорија, а Станковиќ е главен кандидат за негов наследник. Тој одлично го познава Калчото, со оглед дека цели 15 години беше во Италија како фудбалер на Лацио и на Интер.
Црвена Звезда беше негов прв тренерски предизвик, го положи повеќе од успешно и сега би можел да се врати во Серија А како нов стратег на Сампдорија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













