
Работнички ја победи Брегалница (0-1) во Штип, освои седум бода во последните три кола и скокна малу погоре на табелата, избегнувајќи ја опасната зона на табелата.
Тренерот Горан Станиќ истакна дека е задоволен од триумфот и од настапот на својот тим.
„Задоволен сум од победата над Брегалница и од изданието на тимот. Фудбалерите во целост го исполнија планот што го имавме за овој натпревар и најважно е што на крајот ја реализиравме нашата цел. Тоа што го работиме во овој краток период откако го преземав сениорскиот состав дава резултати, ќе продолжиме да работиме напорно и да ги отстрануваме грешките кои се појавуваат. Два натпревари сме без примен гол, успеавме да освоиме седум бода на последните три натпревари и видливо е дека овој тим може да функционира и уште подобро. Ништо не е завршено, секој нареден меч за нас е финале и така и ќе се однесуваме сѐ до крајот на првенството. Веќе сме фокусирани кон следниот противник, Македонија ЃП“, изјави Горан Станиќ.
Во следното 29. коло од Првата фудбалска лига, Работнички ја пречекува Македонија ЃП на Националната арена „Тодор Проески“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
