
Тажна вест од Србија – поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ, извршил самоубиство, скокајќи од тераса, објавија утринава српските медиуми.
Илиќ имаше 47 години и во Партизан бранеше во два наврати – од 1998 до 2003 и од 2010 до 2013 година. Во тој период освои пет шампионски титули и два Купа на Србија, односно Србија и Црна Гора. Кариерата ја започна во Слобода Ужице, а настапуваше и за Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Белград и Пансераикос.
За репрезентацијата на Србија одигра еден натпревар – пријателскиот дуел против Македонија на 6 февруари 2008 година во Скопје, кој заврши 1-1.
По завршувањето на играчката кариера, Илиќ премина во тренерските води. Беше дел од стручниот штаб на српската репрезентација под водство на Славољуб Муслин и еден период работеше како тренер на голманите во Партизан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
