Српскиот фудбалер Бојан Ѓорѓиќ со нож го нападнал тренерот на голманите Радек Поркало на тренингот на чешкиот второлигаш Варнсдорф.
„Полицијата добила дојава за напад на тренинг во Варнсдорф“, соопшти портпаролката на полицијата во Дечин, Елишка Кубичкова.
Од полицијата додаваат дека го уапсиле фудбалерот откако биле информирани дека со нож му се заканува на тренерот.
„Не би коментирал додека не добијам изјава од полицијата. Сепак, тој играч ме разочара. Неговото враќање не доаѓа предвид доколку се докаже дека е виновен“, изјави претседателот на Варнсдорф, Властимил Габриел.
Ѓорѓиќ, 28-годишен српски фудбалер, минатата година стигнал во Чешка од Слобода Тузла.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













