Connect with us

Среќна новогодишна ноќ за Арсенал, побегна на +7 пред Сити (ВИДЕО)

Арсенал на најдобар можен начин ја заокружи 2022 година, со триумф (2-4) на гости против Брајтон и ја зголеми предноста на врвот на табелата пред Манчестер Сити. Сега „топчиите“ имаат седум бода позитива на влезот во новата 2023.

Манчестер Сити одигра само 1-1 дома против Евертон, а и Њукасл ремизираше, без голови, против Лидс Јунајтед.

Бакајо Сака во втората минута најави триумф, а Мартин Одегард во 39.минута зголеми на 0-2.

Третиот гол беше дело на Еди Нкетија во 47.минута.

Митома намали на 1-3, но Мартинели сепак постигна четврти гол и го реши победникот. Конечниот резултат го постави Фергусон во 77.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови