
Фудбалската репрезентација на Србија се пласира на Европското првенство во Германија следната година откако одигра 2-2 против Бугарија на домашен терен. Тимот на Сраган Стојковиќ Пикси го освои второто место во групата Г со 14 бода, веднаш зад Унгарија (18) која денеска славеше против Црна Гора со 3-1.
Милош Вељковиќ во 17.минута донесе водство за Србија, но Бугарите направија пресврт со головите на Русев и на Десподов. Сепак, Срѓан Бабиќ постигна израмнувачки гол, што беше доволно за пласман во завршницата на ЕП.
Унгарија славеше против Црна Гора со 3-1. Рубежиќ ги доведе Црногорците во водство по првиот дел, но во второто полувреме Унгарија постигна три гола. Доминик Шобошлаи за две минути постигна два гола, во 67. и во 68.минута, а Адам Наѓи го потврди триумфот во завршницата од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal