
Ремито без голови на „Алијанц Арена“ во Минхен беше доволно за Данците да го освојат второто место. Тие беа буквално израмнети со Словенија, која исто така одигра 0-0 против фаворитот Англија, а втората позиција ја заслужија поради соодносот на жолти картони.
Селекторот Драган Стојковиќ ги остави на клупата Тадиќ, Јовиќ, Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ, но откако во првото полувреме Србија не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Данска, ги внесе сите во игра во вториот дел, барајќи победнички погодок. Сепак, освен обидите на Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ, Србија не покажа ништо значајно и не заслужи победа на мечот во Минхен.
Англија и Словенија во Келн одиграа 0-0, доволно за гордиот Албион да го освои првото место. На Сака не му беше признат гол поради офсајд позиција, но избраниците на Герет Саутгејт, иако неубедливо, ја исполнија својата цел во групната фаза од Европското првенство.
Данска во осминафиналето оди на домаќинот Германија, мечот ќе се игра на 29 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
