Connect with us

Срам во Ријад: Свирежи на минутата молк за Франц Бекенбауер (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Атлетико играат полуфинален натпревар од шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, а пред овој натпревар се случи навистина непријатна сцена.


Минутата молк, која беше посветена на легендарниот Франц Бекенбауер, беше растурена со свирежи.


Легендата на светскиот и германскиот фудбал Франц Бекенбауер почина на 7 јануари на 78-годишна возраст. Смртта на славниот Кајзер го растажи фудбалскиот свет и му беше оддадена последната почит.

Сепак, тоа што се случи вечерва во Ријад на натпреварот од Суперкупот на Шпанија меѓу Реал и Атлетико е навистина одвратно. Додека сите на теренот стоеја мирно и оддаваа почит на легендата на Баерн, германскиот и на светскиот фудбал, од трибините се слушаа извици и свирежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови