Новата фудбалска сезона во Македонија ќе стартува на 8 август, а засега е на сила мерката за дозволено присуство на публика само на спортските настани на отворено и тоа до 30 % од вкупниот капацитет на стадионите. Министерот Венко Филипче најавува дека можеби во иднина ќе им биде дозволено само на вакцинираните лица да следат јавни масовни настани.
„Согласно анализите ќе почнеме да размислуваме, почнувајќи од есенските месеци, од септември, да воведеме нешто, во смисла вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој масовен настан, настан на затворено, но да видиме сега како ќе се одвиваат работите. Ги разгледуваме овие алтернативни решенија, со извесни рестрикции, како на пример влез во кината, културните настани и слично, да можат да ги посетуваат само лица со вакцинален сертификат“, изјави министерот за здравство, додавајќи дека „искрено се надева дека опфатот со вакцинацијата ќе се зголеми“ – изјави Филипче.
Во моментот македонските фудбалки клубови настапуваат на меѓународна сцена и согласно мерките за заштита од коронавирусот во Македонија, но и препораките од УЕФА, на стадионите се почитува мерката за 30% исполнетост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













