Контроверзите околу судењето не го одминаа првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Натпреварот заврши 1-1, но домашните се огорчени поради одлуката на судијата Артур Дијас да не го поништи израмнувачкиот погодок на Кевин Де Бруин во 67. минута.
Тврдењата на Реал Мадрид се дека при нападот кон голот топката ги напуштила границите на теренот. Замрзната рамка на ситуацијата покажа дека Бернардо Силва всушност не успеа да ја задржи топката во игра и судијата требаше да досуди аут во корист на „кралскиот клуб“.
Од клупата на Реал веднаш скокнаа со барање за интервенција на ВАР, но тоа не се случи. Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, исто така, смета дека ситуацијата требало да се разгледа.
„ТВ репризите јасно покажаа дека топката отиде во аут. Сите го видовме. Тоа е 3Д технологија. Само судијата не го виде тоа и многу други работи”, се пожали по натпреварот тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој доби жолт картон поради неговото изразено незадоволство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













