Connect with us

Спонзор од Австрија ќе ја преземе Ренова

Македонскиот прволигаш Ренова, сепак, нема да се откаже од настапот во Првата лига. Сериозен спонзор од Австрија е во завршни преговори да влезе во раководниот дел на клубо, со што „гипсарите“ би продолжиле да се натпреваруваат во елитата.

Ренова ова лето ја напуштија речиси сите фудбалери од сениорскиот тим, откако раководството им соопшти непријатни вести, дека нема веќе намера да вложува.

Гостивар се обиде да го добие местото на Ренова и неофицијално понудил 600.000 евра за да ја добие прволигашката позиција, но, сепак, тимот од Џепчиште многу веројатно ќе продолжи да се натпреварува во елитниот ранг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови