
Швајцарија и Италија ќе се соочат во осминафиналната фаза на ЕВРО 2024. Овој натпревар денеска од 18 часот ќе ја отвори осминафиналната програма на шампионатот.
„Швајцарија е тежок противник. Тимот не загуби ниту еден натпревар во групната фаза и беше на чекор да ја освои својата група, но Германија израмни со гол во последните секунди. Ќе ни биде тешко, но ние сме актуелни европски прваци“, изјави селекторот на Италија, Лучијано Спалети.
Швајцарија има само еден пораз од 2022 година досега во сите натпреварувања и е вистински предизвик за своите противници. Тимот нема изразен голгетер или голема ѕвезда, но колективниот дух и компактноста се меѓу нивните најсилни карактеристики.
Италија е актуелниот европски шампион. Тимот на Лучано Спалети тешко се квалификуваше во следната фаза, откако исто така постигна драматичен израмнувачки гол против Хрватска во дополнителното време.
Италија не изгледа многу стабилно и има потешкотии во двете фази на играта, особено во нападот. Конзистентноста на напаѓачите недостига, а најголем впечаток досега остави Џанлуиџи Донарума, кој блеска со своите одбрани и изведби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
