
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, нема да го води новиот шампион на Италија следната сезона бидејќи побарал една година одмор. Тој на италијанските медиуми го искажа својот став, премногу го сака Наполи, но сега дојде времето за разделба.
„Понекогаш поради преголема љубов мораш да раскинеш. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да работам во ниту еден клуб. Ќе одморам една година“, изјави Лучијано Спалети.
Наполи по цели 33 години успеа да го освои „скудетото“ оваа сезона, откако Елиф Елмас и соиграчите беа надмоќни во трката со конкурентите во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski