
Серија А доби нов шампион, Наполи, кој по 33 години го освои пехарот.
До крајот на првенството ќе се води борба за места во Лигата на шампионите, а на евросцената сѐ уште се дури 5 италијански клубови.
„Газета дело спорт“ ја објави листата на најплатените тренери во Серија А, и секако најинтересно е што во топ 5 го нема тренерот на Наполи, Лучијано Спалети. Тој добива 2,8 милиони евра, што е дури 700.000 помалку од Маурицио Сари кој е на петтото место.
Минатогодишниот шампион Стефано Пиоли добива 4 милиони евра по сезона, додека Симоне Инзаги во Интер добива 5 милиони евра.
На второто место на листата е тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри со 7,5 милиони евра по сезона, додека најплатен е Жозе Мурињо во Рома со 8 милиони евра годишно.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
