
Наполи игра добра сезона досега во Серија А, а во Лига Европа се пласираше во 1/16 финалето. Во последниот месец „наполитанците“ имаа големи кадровски проблеми поради повреди на значајни играчи и јасно е дека мора да реагираат и да го засилат својот тим во зимскиот преоден рок.
Позицијата лев бек е проблематична и таму Лучијано Спалети сака да ја засили конкуренцијата, а како кандидати се споменуваат двајца Французи.
Првиот е Левин Курзава, кој е целосно во втор план во ПСЖ и сезонава одигра само еден натпревар. Во Париз е од 2015 година кога пристигна од Монако, а за тоа време за „светците“ одигра 153 натпревари и постигна 14 гола.
Втор играч во конкуренција е Лукас Дињ, кој беше отпишан во Евертон. Тој во Евертон оваа година одигра 15 натпревари и постигна еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
