Лучано Спалети беше отпуштен од селекторската позиција во италијанската репрезентација, но можеби нема долго да остане без ангажман. Тој добил примамлива понуда од 18 милиони евра по сезона да го преземе кормилото на Ал-Наср, каде што би го заменил својот сонародник Стефано Пиоли.
Спалети беше разрешен поради катастрофалниот старт во квалификациите за Светското првенство. „Аѕурите“ загубија со 0-3 од Норвешка во Осло, а потоа со мака ја совладаа Молдавија со 2-0.
Според информациите, од Ал-Наср стапиле во контакт со Спалети уште во неделата, ден пред натпреварот со Молдавија и само неколку часа откако стана јасно дека тој нема да остане селектор.
Понудата вклучува двегодишен договор со годишна плата од 18 милиони евра. Спалети сè уште не донел конечна одлука, но понудата е навистина примамлива. Во Ал-Наср, тој би соработувал со Кристијано Роналдо.
Што се однесува до Стефано Пиоли, тој планира враќање во Италија, а како најверојатна нова дестинација се споменува Фиорентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













