Connect with us

Спалети: Браво за момците! Анализирањето натпревари откако ќе завршат е губење време

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, не можеше да го сокрие разочарувањето од поразот на неговиот тим на гости со 0-1 против Милан во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тренерот на „наполитанците“, сепак, се обиде да биде максимално позитивен во оценката за своите играчи.


„Анализирањето на натпреварите откако ќе завршат е губење време бидејќи не можеме да го промениме она што се случи. Видов одличен став од тимот дури и кога бевме со десетмина на теренот. Му честитав на Мењан за одбраните, Милан е одличен тим и одигравме како што треба, како што очекував. Браво за момците! Во однос на карактерот, допрва треба да се формираме. Мора да го развиеме нашето чувство за шансите што ги создаваме“, изјави Спалети.
Реваншот меѓу Наполи и Милан на стадионот „Диего Армандо Марадона“ е следната недела, на 18 април.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови