
Лука Станковски на Националната арена во Скопје го имаше своето деби на официјален квалификациски меч за македонската репрезентација, откако претходно настапи и на пријателскиот меч во Прага против Саудиска Арабија.
Деби мечот не можеше да биде подобар – влезе во игра во 83. минута наместо Елиф Елмас, а во 90. минута го постигна својот прв погодок во националниот дрес, со што ја заокружи убедливата победа од 5-0.
„Секој фудбалер сонува да заигра за својата репрезентација, а јас имав навистина совршено деби – прв натпревар на домашен терен и веднаш гол. Чувството да се затресе мрежата за Македонија е неверојатно. Пред нас се тешки и значајни натпревари, но целта е јасна – ќе одиме на победа против секој противник“, изјави Станковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
