Офанзивно. Ако тоа се очекуваше од Германија, и Македонија оди храбро на мегдан во Дуисбург. Во нападот се капитенот Горан Пандев и Александар Трајковски, а зад нив Елиф Елмас.

Адеми, Барди, Николов и Алиоски ќе бидат во средниот ред, Стефан Ристовски е прекомандуван во дефанзивното трио заедно со Дарко Велковски, кој конечно се опорави од повредата, и Висар Муслиу. На голот е Столе Димитриевски.
Германија напаѓа со триото Хаверц – Гнабри – Сане. Во средниот ред се Горецка, Кимих и Гундоган, а задната четворка е исто така „офанзивна“, со Џан и Госенс по страничните позиции, и Гинтер и Рудигер централно пред Тер Штеген.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













