Connect with us

Состави: Костадинов десен бек, Ашковски во стартниот тим на Македoнија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди стартниот тим за дуелот против Ерменија во Ереван, кој стартува во 18 часот. Иако го повикува класичниот десен бек Тодор Тодороски, сепак, Костадинов ќе биде замената за капитенот Стефан Ристовски на десната странична позиција.

Во средниот ред, на левата страна ќе делува Стефан Ашковски кој за првпат ќе биде стартер на еден квалификациски меч. Во нападот е Милан Ристовски, поддржан од Александар Трајковски, а првпат капитенската лента ќе ја носи Енис Барди.

Хенрик Мхитарјан е предводникот на Ерменците, во составот се и екс – вардарците Хамбаџумјан и Барсегјан, а за првпат ќе игра и Бриаско.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови