Connect with us

Сопственикот на Челси сака да го врати Кристијано Роналдо во Премиер-лигата

Суперѕвездата Кристијано Роналдо би можел да се врати во Премиер-лигата, и тоа како засилување за Челси, открива британскиот „Мирор“. Сопственикот на „сините“, Тод Боели, е голем фан на Португалецот и сакаше да го донесе на „Стемфорд Бриџ“ во последните два преодни рока.


Минатото лето Томас Тухел беше сериозна пречка за зделката, бидејќи германскиот стручњак не го сакаше Роналдо во тимот.

Португалскиот голгетер кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија и постпиша за тимот на Ал-Наср. Тој веќе постигна 11 гола на девет натпревари.

Претседателот на Челси сака менаџер кој ќе го доведе Кристијано Роналдо во тимот. Сега е речиси сигурно дека Френк Лампард ќе ги преземе лондончани до крајот на сезоната, а двете имиња кои се поврзуваат за местото главен тренер се Луис Енрике и Џулијан Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови