Сопственикот на Челси, Тод Боели, посакува да го доведе Лионел Меси на „Стемфорд бриџ“. Ова можеби делува како луда идеја на Американецот, но тој ќе се обиде да ја реализира.
Претходно, Тод Боели го посакуваше и Кристијано Роналдо, но Португалецот одлучи да замине во Ал-Наср за многу подобра финансиска понуда.
35-годишниот Аргентинец ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен агент на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот. Прва опција за него е враќањето во Барселона, а има и неверојатна понуда од Саудиска Арабија вредна 540 милиони евра за три сезони.
Сега во трката се вклучува и Челси, иако реално има најмали шанси за неговиот потпис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













