Connect with us

Соопштение од Слога Виница: Судиите го уништија нашиот тим во Струмица (ВИДЕО)

Македонскиот второлигаш Слога Виница смета дека е оштетен од судиската арбитража на дербито против Беласица во Струмица. Соопштението на клубот го објавуваме во целост.


Ништо ново за фудбалот во Македонија. Во Струмица се случи најнепосакуваното нешто за еден дерби натпревар. Дерби во кое судиите си земаа за право да го одлучат победникот.

Очигледно и со намера главниот судија Трпчевски од Кавадарци низ текот на целиот натпревар ја фаворизираше домашната екипа и со тоа успеa да стави печат на „криминалните” судиски одлуки кои се протнуваат низ сезоната во македонскиот фудбал и кои се синоним за судиската организација.

Премалку се зборови кои можеме да ги употребиме, а да го опишеме нивното очајно и катастрофално судење, однапред исценирано за домашната екипа да добие незаслужени три бода, притоа ние да бидеме обесправени во битката за промоција во Првата лига.

Најпрво, во осмата минута, не досуден прекршок од зад грб врз нашиот напаѓач Симевски кој беше во контра напад. Исто така, 18. минута од првото полувреме, недосуден фаул врз нашиот капитен кој беше близу шеснаесетникот на противникот.

Понатаму, при изведување на корнер и нафрлување од десната страна нивен играч играше со неговата десна рака сакајќи да ја прими топката на гради и со тоа да ја исфрли надвор од шеснаесетникот, наспроти тоа досудени премногу „ситни” фаули во напад во корист на противникот.

Можеби најклучниот спорен момент на натпреварот кога нашата екипа беше оштетена е во 85. минута од натпреварот при игра во шеснаесетникот на Беласица, нашиот напаѓач Симевски беше фаулиран од зад грб, судијата се одлучи наместо пенал, да го казни нашиот напаѓач со жолт картон заради симулација.

Уште многу недосудени прекршоци направени врз нашиот капитен Митров, но и врз останатите наши играчи, доволно за да влијаат врз текот на играта на натпреварот. Во целост нерегуларен гол за домаќините, недосудени два чисти пенали за нашата екипа и неколку сомнително офсајд ситуации со кои сме оштетени.


Ова не е првпат Слога1934 да се соочува со вакви судиски одлуки.

Во текот на целото првенство се соочувавме со оркестрирано судење против нашата екипа. Навикнати сме да гледаме како судиската тројка си ја извршува дадената задача од нивните „претпоставени” се со цел да ни наштетат нам и на сите вистински љубители на фудбалот во Виница.

Фер-плејот беше мисловна именка, за жал не победи подобриот, за жал победи неправдата.

Слога1934 била, е и ќе биде.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови